BET-IBC совети за обложување: Полска и Колумбија немаат право на кикс, пораз значи пакување на куферите

by
4 минути читање

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Полска – Колумбија: Победа или реми за гостите

Откако двете селекции неочекувано загубија на воведниот натпревар, пресметката во Казан за нив ќе биде финале. Репрезентацијата која ќе загуби слободно ќе може да почне да си ги пакува куферите, додека пак победникот драстично ќе си ги зголеми шансите за осминафинале. Хамес Родригез, кој влезе од клупата против Јапонија, треба да е доволно фит за да го започне мечот, додека пак во редовите на Полска добра вест е што дефанзивецот Камил Глик се врати на тренинзите по повредата на рамото и конкурира за место во тимот и покрај тоа што има големи прашалници за неговиот фитнес. Полјаците ги радува фактот дека Колумбија се мачи со противниците од Европа, од двет меча има само две победи и дури пет порази. Но загрижува фактот што Полска има дури седум порази на последните девет меча од мундијалите, не успеа да постигне гол на дури шест, а прими гол на на последните девет натпревари од Светските првенства. Па со оглед на тоа со каков квалитет располага Колумбија во нападот, одбраната на Полска ќе треба да одигра на високо ниво за да спречи нов пораз. Исто така, Роберт Левандовски ќе треба да превземе поголема одговорност откако беше прилично тивок против Сенегал. Со оглед на тоа од каква важност е мечот, се очекува тесен натпревар и голема борба.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Англија – Панама: Победа на домаќинот

„Трите Лава“ ќе обезбедат пласман во осминафиналето доколку попладнево во Нижни Новгород забележа победа над Панама. За популарните „Лос Каналерос“ ова е прво Светско првенство, и на дебито тие загубија со 3-0 од Белгија, па иако Англија важи за голем фаворит, Герет Саутгејт бара од своите играчи да не го потценуваат противникот. За овој меч, тој нема да може да смета на Деле Али, кој забележа повреда на дуелот со Тунис. Фудбалерот на Тотенхем се врати на тренинзите, но нема да биде превземан никаков ризик. Судејќи според фотографиите од тактиките на Саутгејт и неговите помошници кои медиумите ги објавија, Лофтус Чик би требало да го завземе местото на Деле Али, а во составот ќе има и уште една замена, Маркус Рашфорд шанса ќе добие место Рахим Стерлинг. Панама нема никакви проблеми, па селекторот Гомез на пресот најави дека на терен ќе излезе со истите 11-на со кои им се спротивстави на Белгија во премиерниот натпреар. Најголема опасност за Панама ќе доаѓа од Хари Кејн, кој постигна гол на последните четири настапи во дресот на Англија, односно десет гола на последните осум меча. Откако постигна два гола против Тунис, стана првиот играч по Гери Линекер во 1990 кој бил двоен стрелец на меч од Светските првенства. Квалитетот и искуството е на страна на „Трите Лава“ па Англија не би требала да има проблеми и сите очекуваат лесен триумф за тимот на Герет Саутгејт.

Јапонија – Сенегал: Победа или реми за гостите

Двете селекции важеа за аутсајдери во групата пред почетокот на мундијалот, но сега се на врвот со по три бода откако и Јапонија и Сенегал ги изненадија противниците (Колумбија односно Полска) во воведниот меч. Победникот од денешниот меч ќе направи голем исчекор кон осминафинале, но сигурно и двете репрезентации ќе бидат задоволни со реми. Оказаки се опорави од повредата и доб шанса во финишот од мечот против Колумбија, но се очекува Јуја Осако да го задржи местото во форот откако импресионираше против „Ла Триколор“ и го постигна победоносниот гол. Сенегал нема проблеми со повреди, па Сисе речиси сигурно ќе го одбере истиот стартен состав од дуелот со Полска. Маме Диуф немаше ниту еден шут и беше повлечен по еден час игра на тој меч, па постои можност тој да се пресели на клупата и има промени во нападот. Ова ќе биде прва средба помеѓу Јапонија и Сенегал на Светските првенства, претходно тии имаат одиграно три пријателски меча, и селекцијата од Африка е без пораз (две победи и едно реми). Физичките предизпозиции се адутот на Сенегал, додека пак инфериорноста во висината и килограмите, Јапонците ќе се обидат да ја надополнат со подобрата техничка поткованост и умеењето да нагазнат на топката. Фаворит на овој меч нема, детали ќе решаваат и натпреварот може да биде решен со еден потег и моментална инспирација на некој од фудбалерите.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани