Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Франција – Аргентина: Победа или реми за домаќинот
Почнува нок-аут фазата на Светското првенство а првиот дуел е дерби пресметка помеѓу Франција и Аргентина. „Гаучосите“ не одиграа на нивото во својата група, беа на прагот на елиминација, но го продолжија настапот откако против Нигерија триумфираа со гол завршницата. Лошото издание значи силен противник веќе во осминафиналето. „Триколорите“ пак завршија како први во својата група, но не импресионираа со игрите и постигнаа само скромни два гола. Но Дешам располага со талентирани и квалитетни играчи во офанзивата и само прашање на време е кога тие ќе проработат. Аргентина на трите меча во Русија настапи со различна формација и големи промени во составот но се очекува за денеска Сампаоли да истрча со сличен тим како оној против Нигерија. Енцо Перез се мачи со ситна повреда, но би требало да биде фит. Што се однесува до Франција, Менди поради повреда нема да биде во комбинација, но тој и онака не беше прв избор на Дешам за левата бековска позиција, па во старниот состав ќе се врати Лукас Ернандез. Џибрил Сидибе исто така би можел да добие шанса по десната страна во одбраната на местото на Бенџамин Павар. Ова ќе биде 12-ти дуел помеѓу Франција и Аргентина, прв во нок-аут фазата на Светските првенства. „Гаучосите“ имаа подобар успех во меѓусебните дуели со шест победи, а на дури осум од претходните 11 меча ја зачувале сопствената мрежа. Но токму ова ќе биде голем предизвик денеска за селекцијата од Јужна Америка бидејќи одбраната на Аргентина не функционира најдобро во Русија и капитулираше на сите три меча од групната фаза. Исто така, првата ѕвезда на Аргентина, Лео Меси нема дадено гол во нок-аут фазата на Светските првенства односно ја нема затресено мрежата 666 минути. Франција влегува како благ фаворит пред се поради лошата игра на Аргентина, но доколку сакаат пласман понатаму и битка за златото, двете репрезентации ќе мора драстично да ја подобрат својата игра.
Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Уругвај – Португалија: Победа или реми за гостите
Во Сочи, актуелниот европски шампион се среќава со Португалија за место во четвртфиналето. Португалија солидно ја започна авантурата во Русија со возбудливо реми од 3-3 против Шпанија, но потоа едвај го победија Мароко, а со Иран одиграа само 1-1. Но Кристијано Роналдо и дружината се мачеа и на стартот од ЕВРО 2016 а на крајот стигнаа до титулата, па селекторот Сантош не е загрижен премногу. За овој меч, тој најверојатно нема да смета на Вилијам Карваљо, кој не тренираше изминативе денови. Одредени прашалници има и во редовите на Уругвај, еден од столбовите во одбраната, Хосе Хименез не настапи против Русија поради повреда, и имаше шпекулации дека за него најверојатно е завршен мундијалот, но дефанзивецот се врати на тренинзите изминативе денови. Ова ќе биде прв дуел помеѓу Уругвај и Португалија на Светските првенства. Претходно се имаат сретнато само во два наврати и Португалија нема пораз (една победа и едно реми). Последната пресметка датира од 1972 година, кога одиграа 1-1 на Маракана во Рио де Жанеиро. Уругвај имаше перфектен старт во Русија со три победи и без ниту еден примен гол. Избраниците на Табарез ќе се обидат да стигнат и до четвртиот триумф во низа, успех што го имаат постигнато само еднаш претходно, во 1930 кога станаа светски шампиони. Покрај црвстата игра во одбрана, Уругвај го краси и одлична поставеност при прекините бидејќи сите пет погодоци паднаа токму од ваква ситуација (три од корнер, еден од слободен удар и еден од индирект). Кристијано Роналдо, исто како и неговиот лут ривал Лео Меси, нема гол во нок-аут фазата од Светските првенства, или поточно не ја тресел мрежата 424 минути. Тој во Сочи сепак постигна хет-трик против Шпанија, па може да извлече инспирација од овој меч и да ја предводи својата репрезентација до четврт-финале.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.