BET-IBC совети за обложување: Аргентина и Меси против незгодниот Исланд ја започнуваат авантурата во Русија

by
4 минути читање

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Аргентина – Исланд: Победа на домаќините

„Рибарите“ за прв пат играат на Светско првенство а во премиерниот натпревар противник им е Лео Меси и Аргентина, па не е ни чудно што селекторот Халгримсон го нарече овој дуел „најголемиот натпревар во историјата на исландскиот фудбал“. „Гаучосите“ пристигнаа во Русија како еден од претендентите за златото, но и со проблеми со повреди и мала контроверзија откако нивниот послден подготвителен наптпревар против Израел во Ерусалим беше откажан по протестите на Палестина. За овој турнир сите очи ќе бидат вперени во Лео Меси. Многумина веруваат дека тој мора да освои титула од светско за да може да биде сметан за најдобар на сите времиња, и ова веројатно ќе му биде последна шанса во топ форма да го предводи нациналниот тим до успех. Сампаоли веќе го откри тимот со кој ќе истрча, Агуеро и Ди Марија ќе бидат покрај Меси во нападот, Маскерано, Биља и Меза во средниот ред, Салвио, Отаменди, Рохо и Таљафико во одбраната и Кабаљеро на голот. Исланд беше најпријатното изненадување на ЕВРО 2016 каде приредија сензација со елиминација на Англија. Сигурно противниците повеќе нама да ги гледаат „Рибарите“ како тотални аутсајдери. Аргентина влегува како огромен фаворит во мечот и за очекување е избраниците на Сампаоли на крајот да се радуваат на победа. „Гаучосите“ на последните шест мундијали стигнале до победа на воведните натпревари, па серијата веројатно ќе продолжи и против најмалата земја која обезбедила настап на СП.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.

Хрватска – Нигерија: Победа на домаќините

Во вториот натпревар од Групата Д, Хрватска ќе ги одмери силите со Нигерија во Калининград. Со оглед на тоа дека Аргентина е фаворит за првото место а Исланд е незгоден противник, двете репрезентации ќе се обидат да си ги зголемат шансите за осминафинале со победа. Нигерија загуби дури четири од последните пет пријателски меча, па селекторот Рор најави дека ќе се врати на старата формација со цел да стигнат до поволен успех против Хрватска, за кого ова е петто учество на мундијалите. „Коцкастите“ претходните три мундијали ги започнуваа со пораз, па Далиќ сигурно ќе сака оваа лоша традиција да биде прекината. Хрватска на располагање има одличен тим со неколку звучни имиња во составот како Модриќ, Ракитиќ, Перишиќ и Манџукиќ. Нигерија може да се пофали дека има учество повеќе на мундијалите, но „Супер Орлите“ имаат само една победа на последните 12 меча (осум порази и три нерешени исходи). Исто така тие не успеаја да победат на воведниот меч на последните три настапи, а ниту пак постигнаа гол на овие мечеви. Нигерија го има најмладиот состав во Русија, па тоа носи одредени проблеми како неконзистентност. На пријателскиот натпревар со Англија, Нигерија беше целосно надиграна во првите 45 минути, но се претстави во многу подобро свлето во продолжението од мечот. Сепак, вакви падови на големите натпреварување се недозволиви, па за очекување е Хрватска со своето искуство да стигне до триумф. 

Франција – Австралија: Победа на домаќините

На отварањето на Групата Ц. Франција се среќава со Австралија во Казан. „Триколорите“ пристигнаа во Русија како едни од фаворитите за златото, но избраниците на Дешам тоа ќе треба да го демонстрираат и на терен. „Кенгурите“ пак со нов селектор, Берт ван Марвијк беше назначен во јануари, ќе се обидат да се прикажат во што е можно подобро светло откако се изнамачија во квалификациите, во кои најпрво играат плеј-оф со Серија, а потоа и пелј-оф со Хондурас. За овој меч, Дидје Дешам има неколку дилеми. Судејќи според последниот тренинг, Жиру ќе остане на клупата а во форот ќе бидат Мбапе, Дембеле и Гризман. Сидибе се мачи со повреда, а неизвесен е и Умтити, па во последен момент ќе се одлучува за последната линија. Австралија пак нема проблеми со повредите но селекторот Ван Марвијк исто така има неколку дилеми околу стартниот состав, особено околу тоа кој ќе го предводи нападот. Во двете пресметки на овие противници на неутрален терен, Франција славеше со 1-0 во мај 1994 во Јапонија, а Австралија со идентичен резултат го доби дуелот во јуни 2001 во Јужна Кореја. Последниот меч пак заврши со убедлива победа за „Триколорите“, кои во Париз со 6-0 ја прегазија Австралија. Тешко дека може да се види ваков резултат денеска, но за очекување е Франција да го скрши отпорот на противникот и да стигне до три бода. 

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани