Бешикташ го доведе еден од најбараните италијански тренери!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бешикташ го реши тренерското прашање и постигна целосен договор со Винченцо Италијано, кој ќе ја предводи екипата во наредните сезони.

Според информациите на Фабрицио Романо, италијанскиот стратег денеска пристигнува во Истанбул за да ги заврши последните формалности и да го потпише договорот со турскиот гигант. Соработката ќе трае до јуни 2028 година, а Италијано ќе заработува по шест милиони евра нето по сезона.

Поранешниот тренер на Болоња веќе постигнал договор и околу составот на својот стручен штаб, со кој ќе започне нова етапа во кариерата.

Бешикташ очекува токму Италијано да го врати клубот во борбата за највисоките цели во турскиот фудбал, а неговото доаѓање претставува едно од најзвучните тренерски назначувања ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×