Барселона остана
без битка за трофејот од најелитното европско натпреварување откако вчера
доживеа катастрофа на Енфилд. Ливерпул приреди чудо, славеше со 4-0 и си обезбеди
финале во Мадрид.
„Каталонците“ искусија
слична елиминација и минатата сезона, но се чини дека оваа многу повеќе боли. Извор
од Барса за весникот Спорт вели дека во соблекувалната било како на погреб и
фудбалерите биле во очај.
„Никогаш не сум видел
ваква атмосфера, да владее таков молк“ – вели изворот.
Играчите биле во
шок, не можеле од мислите да го исфрлат она што им се случилео на Енфилд и
големиот број на грешки кои ги направиле, а на ум ја имале и епизодата од Рим. Човек
од персоналот им предложил да разговараат во одбид да пронајдат одговори и објаснувања,
но никој не сакал да изусти збор.
Инцидент се
случил на аеродромот во Ливерпул каде група навивачи ги критикувала играчите за
прикажаното. Лео Меси влегол во расправија и вратил на навредите, но брзо биле
смирени страстите.