Никола Калиниќ
одби да влезе во игра на мечот против Нигерија, а селекторот на Хрватска реши
да го избрка од составот на Коцкестите од Мундијалот кој се одржува во Русија.
Хрватскиот
напаѓач во Милан пристигна во ланскиот летен преоден рок, на инсистирање на
тогашниот тренер на тимот од Милано, Винченцо Монтела, дојде како еден од
најдобрите напаѓачи во Серија А, веројатно ќе си замине како едно од најголемите
промашувања.
Според
информациите, Калиниќ е на излезна врата од Милан за ова лето, интерес веќе
имаат пријавено Ајнтрахт Франкфурт, Шалке 04 и Спартак Москва, а последна екипа
која се вклучи во битката за него е Атлетико Мадрид.
Дали Диего
Симеоне ја има формулата за тоа како да го врати Калиниќ на вистинскиот пат,
останува да видиме, а наводно Атлетико Мадрид подготвил понуда од околу 22
милиони евра како обештетување за Милан.