Беса минимално подобра на тестот со шампионот, Тиквеш ја совлада Брера

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Беса ја совладаа екипата на Струга Трим Љум со 0-1 на генералката пред стартот на втората полусезона во ПМФЛ.

Дуелот против ланскиот шампион на Македонија го реши еден единствен погодок, а стрелец беше Шефит Шефити во 18. минута од средбата. До крајот на мечот немаше резултатски промени и Беса забележа победа.

Во прволигашки тест славеше и Тиквеш против Брера Струмица со 2-1 (0-0). Откако првиот дел не понуди погодоци, во продолжението Рушти Јунус го отвори резултатот. Марко Ѓорѓиевски успеа да израмни, но повратникот во таборот на кавадарчани Александар Мишов реализира за 2-1 во 83. минута.

Освен прволигашите победи на пријателски натпревари забележаа Шкендија Арачиново против Арсими (2-3), Борец со Саса (3-2), Осогово против БВК Коњаре (0-3), Вардар Неготино над Победа (2-1), Беласица со Септември Симитрли (2-0), а Брегалница одигра нерешено против бугарски Вихрен (2-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани