Бернардески: Секогаш сум го преферирал Роналдо во однос на Меси

by
1 минути читање

Офанзивецот на Јувентус,
Федерико Бернардески тврди дека секогаш го преферирал неговиот соиграч
Кристијано Роналдо како најдобар на светот, во однос на Лионел Меси.

Португалецот
изминатово лето пристигна во Торино за 100 милиони евра, обештетување кое за
неговите услуги ги доби Реал Мадрид, со тоа што стана најскапоплатениот
фудбалер во историјата на Серија А.

Ние сите го
познаваме карактерот на Роналдо, неговите особености, секогаш за него сум
сметал дека е најдобар на светот, секогаш него сум го преферирал во однос на
Меси. Тој е една исклучително добра особа, смирена и прекрасна личност
“ издвои
Бернардески.

Се сеќавам на
финалето на Европското првенство кога требаше да излезе од теренот поради
повреда во првото полувреме, но, на клупата беше како тренер
“ додаде тој.

Јувентус е голем
клуб со победнички менталитет, нема никаква потреба да учи од некого за таа
тема, но, доаѓањето на Роналдо во овој клуб донесе нешто повеќе
“ заклучи
Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани