Легендарниот
напаѓач Димитар Бербатов, кој во својата кариера на 504 одиграни натпревари
успеа да запише 213 погодоци зад своето име, смета дека напаѓачот на Манчестер
јунајтед, Ентони Марсијал треба да вметне конзистентност во својата игра доколку
сака да биде фудбалер од светска класа.
Претходно, на
францускиот напаѓач му се нафрли уште една легенда на Манчестер јунајтед, Пол
Сколс, кој тврдеше дека Марсијал не е доволно добар за својата позиција во
клубот од „Олд трафорд“.
„Ги видов коментарите
од Сколс, беше доста директен по ова прашање, а моето мислење за него е веќе
познато, тој никогаш нема да биде „деветка“, преферира да влезе во казнениот
простор како крилен напаѓач, со своите препознатливи дриблинзи, а добар е и во
изнудување на прекршоци“ вели Бербатов.
„Единствената
критика на негова адреса е тоа што не е константен, не е добар на секој
натпревар, а се дури не е таков, тешко е да го опишеме како фудбалер од светска
класа, токму тоа е моментот кој ги одвојува добрите од одличните фудбалери,
погледнете ги за пример Роналдо и Меси, имаат голем број погодоци зад себе
секоја сезона“ додаде Бугаринот кој во дресот на „Црвените ѓаволи“ во период од
четири години на 108 натпревари постигна 48 погодоци.