220
23-годиишниот Бенасер во 39 минута беше заменет поради повреда во мускулот, на негово место влезе Сандро Тонали.
„Најлошото нешто од овој меч е тоа што го загубивме Исмаел Бенасер“, изјави Пиоли по натпреварот.
Според италијанските медиуми, тој сигурно го пропушта мечот со Интер иако не се знае колку долго ќе паузира.
Бенасер нема среќа со повредите оваа сезона, тој пропушти 11 меча во декември и јануари, а мечот против Кротоне го пропушти поради настинка.
Тој беше стартер во поразот против Специја, а беше во првиот состав и против Црвена звезда, но за жал не го доигра.
Дербито меѓу Милан и Интер се игра во недела со почеток од 15 часот.