Фиорентина и Торино одиграа нерешено 2-2, а во центарот на вниманието беше напаѓачот на гостите, Андреа Белоти.
Виолетовите одлично го започнаа мечот, имаа предност од 2-0, по што следуваше шоуто на Белоти.
При водство на противникот од 2-0, Белоти имаше шанса од пенал да го врати Торино во игра но ја погоди само пречката.
Промашениот пенал како да му даде крилја, до крајот на мечот постигна два гола и донесе бод за Торино од тешкото гостување кај Фиорентина.
„Оваа година едноставно не ми одат пеналите, лани не беше така. Но работам на тоа“ – изјави Блоти.
„Целта ми е да бидам најдобар стрелец, но тоа е благодарение на моите соиграчи. Среќен сум во Торино, но никој не може да ја предвиди иднината“.
Интерес за Белоти има повеќе европски клубови меѓу кои Арсенал, Челси и Ливерпул. Но Торино ќе бара вистинско богатство за својот напаѓач.