„Белгија победи, ама да почекаме – можеби ќе стигне повик од Белата куќа“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот коментатор имаше интересна реакција по убедливата победа на Белгија над САД (4-1) во осминафиналето на Светското првенство, алудирајќи на контроверзата околу Фоларин Балогун и вмешувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Веднаш по последниот судиски свиреж, коментаторот шеговито порача: „Белгија победи, но да почекаме… можеби утре наутро кога ќе се разбудиме ќе стигне повик од Белата куќа“.

Со оваа шега тој алудираше на неодамнешното признание на Доналд Трамп дека лично разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи ревизија на црвениот картон на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Иако Инфантино потврди дека добил повик од Трамп, нагласи дека одлуката за укинување на суспензијата ја донеле независните дисциплински тела на ФИФА.

Изјавата на хрватскиот коментатор брзо стана хит на социјалните мрежи, каде многумина ја оценија како духовита алузија на една од најконтроверзните приказни на годинашниот Мундијал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×