Белгија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по натпревар кој донесе многу драма и неизвесност.
„Црвените ѓаволи“ славеа против Сенегал со 3-2, иако до 86. минута имаа негатива од 2-0. Со два брзи гола во завршницата успеаја да се вратат во игра и да обезбедат продолженија.
Во првите 15 минути од дополнителното време немаше промена на резултатот, а кога се чинеше дека патникот во следната рунда ќе биде решен по изведувањето пенали, Белгија доби пенал во самиот финиш. По интервенција на ВАР беше потврден прекршок врз Јури Тилеманс во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка.
Капитенот на белгиската селекција ја презеде одговорноста и прецизно го реализираше ударот од 11 метри.
Победничкиот гол беше постигнат во 125. минута, во судиското продолжение од второто продолжение, со што Белгија испиша нова страница во мундијалската историја. Според статистиката, ова е најдоцна постигнат погодок на едно Светско првенство од почетокот на светските првенства пред 96 години.
124:44 – Youri Tielemans' winning penalty for Belgium is the latest goal scored in FIFA World Cup history.
— OptaJoe (@OptaJoe) July 1, 2026
Chaotic. pic.twitter.com/RyKZfIBMbR