Белгија со убедлива победа од 5-1 над Нов Зеланд стигна до првото место во групата Г, Иран остана без сигурно 1/16 финале откако ВАР во 96. минута им поништо гол за милиметарски офсајд.
По разочарувачките партии против Египет и Иран, Белгија покажа сила против Нов Зеланд, славеше со убедливи 5-1, резултат кој на крајот беше доволен и за првото место во групата.
Тросар го отвори резултатот во 28. минута, а истиот играч на стартот од вториот дел зголеми на 2-0.
Де Брујне реализираше за 3-0 во 66. минута, и тука веќе беше јасно дека „црвените ѓаволи“ ќе стигнат до три бода, но важна беше и гол разликата за врвот на табелата.
Нов Зеланд намали на 3-1 преку Џаст во 84. минута и внесе одредена неизвесност, но Лукаку веднаш одговори со гол за 4-1, а во судиското надополнување, Салемакерс погоди за 5-1, и доволно убедлива победа за да се осигура првото место.
И на мечот помеѓу Египет и Иран имаше драма до самиот крај, популарните „Тим Мели“ почнаа славје кога Калилзадек постигна гол за 1-2 во 93. минута од мечот, но по долго прегледување на повторените снимки, ВАР го поништи погодокот за милиметарски офсајд и го остави Иран без сигурен пласман во 1/16 финале.
Претходно во мечот, Сабар го донесе Египет во предност од 1-0 во 5. минута, а Резајан изедначи на 1-1 во 14. минута.
ФОТО: X/Belgian Red Devils