Бекам го посакува Суарез во Интер Мајами

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека Дејвид Бекам силно посакува да го
засили неговиот тим Интер Мајами со ѕвездата на Барселона, Луис Суарез.

Американскиот
клуб е во сопственост на Англичанецот, а својата прва сезона во МЛС шампионатот
ќе ја игра идната година.

Како што извести
„Еспорт3“, Бекам освен Суарез, на списокот на желби има и други звучни имиња
кои сака да ги доведе во својот клуб и да ги приклучи во неговиот нов проект.

31 годишниот
Суарез има важечки договор со Барселона до 2021. година, од поодамна е познато
дека Каталонците се во потрага по идеален наследник на Уругваецот во нападот на
екипата од Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани