Бејл: Среќен сум цела сезона

by
1 минути читање

Во победата над Барнли од 4-0, Герет Бејл даде два гола и имаше една асистенција. По мечот тој негираше дека бил фрустриран од малата минутажа која ја добиваше претходно.

„Најважно е што се вративме на победничките патеки бидејќи знаеме дека не бевме во добра серија“, вели Бејл.

„Не се работи само за постигнување на погодоции, туку за целата игра, важно е да му се помогне на тимот. Среќен сум со головите и асистенцијата, правам се за да му помогнам на тимот“.

„Среќен сум цела сезона. Во соблекувалната се чувствувам убаво и се забавувам. Среќен сум и јасно е дека тоа го покажувам и на теренот“.

„Не бев загрижен кога излегов. Има многу натпревари пред нас“.

Следен предизвик за Тотнем е гостувањето кај Фулам во четврток, во недела го пречекуваат Кристал Палас, а потоа следува првиот осминафинален меч од Лига Европа против Динамо Загреб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани