Бејл објаснува зошто англиските екипи не се успешни во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Поранешниот играч на Тотенхем, сега ѕвезда на Реал Мадрид има теорија зошто шпанските екипи се подобри од англиските во Европа.

„Поминаа долги пет години откако Челси ја освои ЛШ во Минхен. Оваа сезона Тотенхем испадна во групната фаза, Арсенал има негатива од 5-1 од Баерн Минхен, Лестер губи од Севиља, мислам дека знам зошто не можат да се променат овие работи“ – вели Бејл.

„Проблем е лигата. На секој натпревар во Премиерлигата мора да давате 100% од себе во текот на сите 90 минути, во спортивно ќе загубите“.

„Во Шпанија против помалите клубови можете да одиграте на највисоко ниво едно полувреме, па второто да биде полабаво. Можете да ги одморите играчите, да извадите некои од игра. Доколку го направите тоа во Премиерлигата, не можете да победите на натпреварот“.

„Исто така проблем е и зимската пауза. Во Англија ќе играте четири или пет меча тој период, тука не се игра ниту еден. Немате многу денови за одмор а тоа се чувствува долг период“.

„Во Шпанија имаме седум, осум, девет дена слободни. Тогаш одам во Велс да ја видам фамилијата и пријателите. Може некој ден да отидам само до теретана или да трчам. Но во суштина само одмарам и не размислувам на фудбал. Потоа се враќам и почнуваме со двојни тренинзи и се ставаме комплетно во погон“.

„Одморот има и психолошко влијание. Шпанските тимови знаат дека ја имаат таа предност во однос на англиските. Секоја земја ја има, Шпанија, Италија, Германија, сите имаат зимска пауза“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани