Герет Бејл на
лето ќе разговара со својот агент околу својата иднина, меѓутоа, првично, како
што и самиот вели, според договорот има обврска да се врати во Реал Мадрид по
позајмицата во Тотнем каде е предвидено да биде до крајот на актуелната сезона.
„Доколку
погледнеме од еден правен аспект, мојот договор вели дека јас имам обврска да
се вратам во Реал Мадрид“ изјави Бејл.
„Со ова немам
гест на непочитување кон никого, тоа е всушност факт, а јас морам да го
испочитувам договорот“ додаде Велшанецот.
„Реал Мадрид е
мојот клуб, а од тоа што досега јас го прифатив е да бидам во Тотнем до крајот
на сезоната на позајмица, а потоа да се вратам, тоа е досегашниот план,
причината поради која си заминав беше да добијам повеќе натпревари, да уживам
во фудбалот“ заклучи тој.