Бејл не сака да слушне за трансфер, Велшанецот му порачал на Реал да не разгледува понуди

by
1 минути читање

„АС“ открива дека Герет Бејл имал средба со челниците на Реал Мадрид на која им кажал дека нема намера да си оди од клубот и да не разгледуваат понуди кои пристигнуваат за него.

Информациите од Шпанија велат дека Зидан не го сака Бејл во тимот, но Велшанецот не е загрижен поради тоа.

Без разлика дали ќе игра или не, Бејл сака да си го испочитува договорот од други причини, не од фудбалски.

Тој добива годишна плата од 17 милиони евра, и верува дека ниту еден друг клуб не може да му понуди толку.

Дополнително, тој и неговата фамилија се среќни во Мадрид, им се допаѓа времето и многу добро се адаптирале на градот.

Бејл во Мадрид гледа перфектно место каде може да ја развива својата пасија за гол, тој е член на клубот Реал Клуб Ла Моралеха каде што поминува голем дел од своето слободно време.

Доколку не добива голема минутажа на теренот, Бејл е свесен дека може да назадува во кариерата, но Велшанецот тоа не го интересира, тој има само една цел да остане во Мадрид.

Челниците на Реал Мадрид немаат друг избор освен да го остават Бејл во тимот и да се надеваат дека неговиот однос со Зидан ќе се подобри и тој повторно ќе биде корисен играч за тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани