Бастони во сериозни проблеми, играчот на Интер под истрага за малолетничка проституција

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Алесандро Бастони добил известување дека е под истрага за проституција со малолетно лице, односно имал врска со 17 годишно девојче.

Во април месец, Италија и Калчото беа погодени од голем скандал, голем број на спортисти, меѓу кои и фудбалери од Серија А, биле клиенти на мрежа за луксузна проституција.

Весникот „Република“ вечерва објави дека ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони е првиот фудбалер кој е формално опфатен со истрагата.

Дефанзивецот добил известување од обвинителството дека е под истрага и во следните денови ќе треба да даде исказ.

Тој се сомничи за проституција со малолетно лице, односно имал врска со 17 годишно девојче.

Девојката била сослушана како сведок, таа негирала дека имала однос со Алесандро Бастони, но истражителите сметаат дека една комуникација од 2020 година покажува нешто сосема друго, односно станува збор за договорена средба, па фудбалерот може да се најде во сериозни проблеми.

Во рамки на истата истрага, повикани да дадат изјава се и Даниел Малдини, Рикардо Калафиори и Кевин Бонифаци, но тие засега имаат статус на сведоци, а не на лица под истрага.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×