Бартомеу стравува дека може да им се повтори сезоната 2013/14, па не го пушта Суарез во Атлетико

by
1 минути читање

Синоќа се чинеше
дека трансферот на Луис Суарез во Атлетико Мадрид е само прашање на време.
Уругваецот си подаде рака со „колчонероси“ за двегодишен договор и плата од 9
милиоми евра, најде компромис со Барса за прекин на соработката, а клубот од
„Ванда Метрополитано“ постигна согласност со Јувентус за позајмица на Алваро
Мората и отвори простор за пристигнување на напаѓачот.

Но како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, во последен момент реагирал претседателот на
Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу и ја блокирал зделката. Тој не сака да го пушти
Луис Суарез слободно да потпише за Атлетико Мадрид, односно да се пресели во редовите на директен ривал без притоа да биде платено обесштетување.

Во главата му се
врти сезоната 2013/14, кога Давид Виља доби одврзани раце да се пресели во
Атлетико Мадрид и напаѓачот помогна „колчонероси“ да стигнат до титулата во Ла
Лига.

И не само тоа,
Атлетико Мадрид таа сезона ги елиминираше „каталонците“ и во Лигата на шампиони.

Останува да се
види како ќе се разреши иднината на Луис Суарез, се шпекулира дека Атлетико се
подготвува за план Б и ангажман на Единсон Кавани, кој е слободен играч откако
му заврши договорот со ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани