Бартомеу има една желба за наследник на Валверде

by
1 минути читање

По поразот на
Барселона во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид,
дополнително се разниша столчето на Ернесто Валверде на клупата на Каталонците.

Дека тимот од „Камп
Ноу“ игра под нивото доволно говори фактот што има само една победа во
последните пет натпревари, а веројатно за Валверде нема ништо да промени ниту
поддршката која ја има во соблекувалната.

Се чини дека
чашата веќе е прелеана, „РАЦ1“ веќе објави дека во понеделник следи состанок на
бордот на директори во Барселона кои ќе решаваат околу иднината на Валверде, а
како што објави „СЕР“, претседателот на Каталонците, Жозеп Мариа Бартомеу има
една желба за наследник на Валверде.

Според
неофицијалните информации, селекторот на Холандија, Роналд Куман е прв избор за
наследник на Валверде, а тој и претходно се поврзуваше со таа позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани