Барселона на еден специфичен датум ќе го комплетира трансферот на Гризман? (ФОТО)

by
2 минути читање

Откако Антоан Гризман во изјава
за „Телефут“ објави дека мора да направи „жртвување“ за да потпише за новиот
клуб, постои големо очекување во Барселона дека Французинот се одлучил за тимот
од Камп Ноу.

Од Атлетико
Мадрид веќе потврдија дека нивната прва ѕвезда во тимот ќе си замине ова лето,
а директорот на клубот, Хил Марин откри дека уште во март знаел дека конечната
одлука на фудбалерот е преселба на Камп Ноу, наводно уште во тој период
Французинот ја донел конечната одлука за својата иднина.

Како и да е,
трансферот се уште не е официјализиран бидејќи моменталната откупна клаузула на
28 годишниот фудбалер изнесува 200 милиони евра, а истата од првиот ден на
идниот месец ќе падне на 120 милиони евра.

Дотогаш, останува
во текот на овој месец двата клуба да ги завршат преговорите за Гризман, а
новинарот од „Мундо Депортиво“, Михел Рико, објасни дека Французинот ќе се
приклучи на шпанскиот првак на еден доста специфичен датум.

Доколку се
оди според планот, како што се наведува, Гризман би се
приклучил на Барселона на 14. јули
, а зошто тој ден? Затоа што е Национален ден
на Франција
,
денот на падот на Бастилја, а новинарот тврди дека сево ова не било
прецизирано, меѓутоа подвлекува дека речиси невозможно е да се најде подобар
ден од тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани