74
Бразилскиот
офанзивец од редовите на Челси, 29 годишниот Вилијан има важечки договор со
тимот од Лондон до 2020. година, но за него постои сериозен интерес од
Манчестер јунајтед, особено од Барселона, која веќе испратила и конкретна
понуда, барем според информациите кои ги пренесоа дел од медиумите на Островот.
Каталонците
наводно испратиле понуда вредна 50 милиони фунти до Челси за Вилијан, но,
наишле на негативен одговор откако Челси ја одбил истата.
За два месеци
Бразилецот ќе наполни 30 години, па со тоа извесно е дека ќе му падне и цената
на трансфер пазарот, останува дилемата околу тоа какви се плановите на Челси со
Вилијан.