Барселона би го
свртела своето внимание кон Маркус Рашфорд доколку пропаднат обидите да се
ангажира Антоан Гризман или Нејмар, велат најновите информации кои ги објавија
дел од медиумите.
Каталонците
подолг период се во потрага по вистинско решение во својот напад, односно се
бараат алтернативни решенија за наследник на Луис Суарез ова лето, а оваа ‘мисија’ на тимот од Камп Ноу трае од поодамна.
Се споменуваа
неколку опции, а меѓу нив се најде и напаѓачот на Манчестер јунајтед, „Спорт“
пишува дека Барселона под будно око ја мониторираат ситуацијата со младиот
Англичанец и токму тој се наведува како алтернативна опција во случај да
пропаднат обидите да се ангажира Гризман или Нејмар.
Гризман ги
подгреа шпекулациите дека ќе се пресели во Барселона откако самиот тој јасно
стави дознаење дека ќе го напушти Атлетико Мадрид ова лето, од друга страна
пак, првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и натаму продолжува да биде атрактивна опција
за неговиот поранешен клуб, а се наведува дека Ернесто Валверде сака победнички
состав за учеството во Лигата на шампионите идната сезона.