Барселона и ПСЖ почнале преговори за враќање на Нејмар на Камп Ноу, во спротивен правец треба да се пресели Дембеле

by
2 минути читање

Нејмар во 2017 го напушти Камп Ноу и се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но
медиумите редовно пишуваат за негово заминување од „Паркот на принцовите“.

Последните
гласини го поврзуваат со враќње на Камп Ноу во сензационален трансфер.

Радио Каталуња
пренесе дека Барселона и ПСЖ отвориле преговори за Бразилецот одново да го облече
дресот на „каталонците“. Преговорите се во рана фаза и шампионот на Шпанија е подготвен да го понуди Осман
Дембеле и одредена сума на пари.

Извештајот исто
така додава дека операцијата е „прилично комплицирана“ и дека веројатно ПСЖ ќе
постави многу пречки, но управата на Барселона е убедена дека може да се креираат услови за сериозни преговори и да се комплетира зделката.

Наводно и
соблекувалната на чело со Лео Меси дава поддршка за еден ваков трансфер.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите написи или пак се креира само возбуда за
фановите што побрзо да ја заборават катастрофата што им се случи во финишот од
сезоната кога Барса беше срамно елиминирана од Лигата на шампионите а потоа
загуби и во финалето од Копа дел Реј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани