Според
информациите, Барселона и Ливерпул имаат договор кој е во самата клаузула на
Филипе Кутињо по неговиот трансфер на Камп Ноу оваа година, кој ги оневозможува
Каталонците при евентуален интерес за фудбалер од составот на тимот од Енфилд.
Cadena Ser пишува
дека Ливерпул инсистирал на таква клаузула, со што Каталонците не можат да
купуваат фудбалери од Премиерлигашот се’ до 2021. година, тоа може да се смени само во случај Ливерпул да има
активност за да им продаде фудбалер.
Изминатиов период
се шпекулира дека Каталонците под будно око ја следат ситуацијата на трансфер
пазарот во фудбалска Европа, се однесува на плановите за наследник на Луис
Суарез, а како една од опциите се појави и Мохамед Салах.
Луис Суарез е
втората голема ѕвезда од Ливерпул која премина во Барселона, тоа се случи во
2014. година, четири години подоцна, Каталонците го „присвоија“ и Кутињо, иако
од Премиерлигашот добија максимален отпор за тоа.