Барселона и Интер размислуваат за една чудна трампа

by
1 минути читање

Интер под водство
на новиот тренер Антонио Конте секако ќе има повисоки амбиции идната сезона, во
која избори и место во Лигата на шампионите, ќе има засилувања, а од челниците
на тој клуб веќе дознавме дека се работи на тоа да се ангажираат 3-4 квалитетни
фудбалери.

Според пишувањата
на „Кориере дела Сера“, постои голема можност Интер и Барселона да реализираат
една доста чудна трампа, а се работи за Раџа Наинголан, кој би се преселил на „Камп
Ноу“, како и Артуро Видал кој повторно би соработувал со Антонио Конте, со кого
соработуваше во Јувентус претходно.

Пред неполна
седмица, „Кориере дело Спорт“ пренесе дека Интер веќе ги договорил условите за
четири засилувања во тимот, наведувајќи ги Ромелу Лукаку, Николо Барела, Един
Џеко и Валентин Лазаро, меѓутоа останува Нероаѕурите да се договорат и со
нивните клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани