„Каталонците“ го објавија составот за финалето во Копа дел Реј и пресметката со Реал Мадрид, по 7 месеци пауза се враќа Марк Андре тер Штеген.
Овој викенд на програмата ќе биде третото „Ел Класико“ оваа сезона, Реал Мадрид и Барселона во Севиља ќе се борат за трофејот во Купот на Шпанија.
Ханси Флик утрово го објави составот на „каталонците“, и во тимот има еден голем кам-бек – по 215 дена се враќа Марк Андре тер Штеген.
Голманот заработи тешка повреда на коленото минатиот септември и по седум месеци се враќа на терените, иако за очекување е тој да биде само на клупата за резерви, а Војчех Шчесни да остане прв избор.
Поради повреда ќе недостасуваат Роберт Левандовски и Алехандро Балде.
🚨 Hansi Flick’s squad for the Cup final! #ElClásico #CopaBarça pic.twitter.com/NepFrHkj53
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 25, 2025