Голем број на извори пренесуваат дека Барселона постигнала договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Карим Адејеми во зделка вредна околу 29 милиони евра сосе бонуси.
Карим Адејеми ќе биде второто засилување за Ханси Флик за новата сезона, „каталонците“ денеска си подале рака со Борусија Дортмунд.
Барселона го искористи тоа што офанзивниот фудбалер е под договор до 2027, како и неговата желба да се пресели на Камп Ноу, за да договори прилично евтин трансфер.
Голем број на извори попладнево објавија дека се работи за зделка од фиксни 22 милиони евра, како и додатни 7 милиони евра во бонуси поврзани со бројот на настани и освоени титули.
Карим Адејеми веќе прифатил петгодишна соработка, па се очекува во скоро време да пристигне и официјална потврда за трансферот.
ФОТО: X/Borussia Dortmund