Барселона има
неколку фудбалери кои се „вишок“ во составот, a помеѓу нив има и бекови, па за
очекување е да се постигне некаков договор со Интер за Лаутаро Мартинез со тоа
што би бил вклучен и некој од тие фудбалери.
Каталонците го
ангажираа 23 годишниот Жуниор Фирпо ланското лето, тој претходно импресионираше во дресот
на Бетис, додека пак, 26 годишниот
Нелсон Семедо имаше солидни перформанси на спротивната страна, на десната
бековска позиција.
Меѓутоа, двоецот
кој го споменавме е на листата на фудбалери кои би можеле да бидат искористени
како дел од преговорите со клубовите кои имаат „мета“ на Каталонците во
сопствените редови.
Според пишувањата
на Џанлука Ди Марцио денеска, Фирпо и Семедо му биле понудени на Интер како дел
од преговорите за напаѓачот Лаутаро Мартинез, кој се споменува како иден
наследник на Луис Суарез.
„Нероаѕурите“
наводно го преферираат Фирпо, наместо Семедо во преговорите со Каталонците, а
се верува дека динамичниот стил на игра кој го негува Фирпо одлично би се
адаптирал во системот на Антонио Конте.