Барса замената за Кун Агуеро ја најде во Базел, препорака за напаѓачот дал Деко

by
1 минути читање

Кун Агуеро поради аритмија на срцето ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци, а има и гласини дека Аргентинецот може да биде приморан да стави крај на кариерата.

Па Барселона размислува за ангажман на нов напаѓач во зимскиот преоден рок. „Каталонците“ имаа прилично ограничени ресурси и на замената на Аргентинецот нема да бидат потрошени многу пари.

Според Мундо Депортиво, Артур Кабрал од Базел е една од опциите за засилуваењ во нападот. Скаутите на клубот веќе составиле досие а препорака дал и и поранешниот играч Деко, кој оваа сезона работи како човек од доверба на Барса кога се во прашње фудбалери од Бразил и Португалија. Се говори дека тој веќе остварил контакт со агентот на Артур и почнал да опипува терен за трансфер.

Зделката не е едноставна бидејќи Базел ќе треба за „ситни пари“ да се откаже од својот најдобар стрелец, кој има 13 погодоци на 13 мечеви во првенството на Швајцарија и 23 погодока на 24 мечеи во сите натпреварувања.

МД пишува за позајмица до крајот на сезоната со можност играчот во целост да биде купен за 8 милиони евра. Секако, последниот збор ќе го има Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×