Барса во јануари ќе банкротира доколку играчите до четврток не се откажат од 190 милиони евра!

by
1 минути читање

„Каталонците“ се во сериозна финансиска криза поради коронавирусот. Намалениот број на туристи во градот значително ги намали приходите од фан-шоповите и музејот, стадионот е затворен за публика па клубот остана без стотици милиони од продажба на билети и други производи и услуги за време на натпреварите.

Сметката за плати е прилично висока, па Барселона ги моли играчите да прифатат намалување на примањата. Според пишувањата на РАЦ 1, синоќа стартувале преговорите, адвокатите на клубот се сретнале со адвокатите на играчите.

Барселона бара фудбалерите да се откажат од 30% од својата плата или од околу 190 милиони евра и тоа да го сторат до следниот четврток. Доколку не падне договор, Барселона може да банкротира во јануари.

Најзагрижувачка е ситуацијата на Лео Меси, Аргентинецот не само што има далеку најголема плата, доколку реши да не го обнови договорот, ќе треба да добие бонус на крајот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани