Столчето на
стратегот силно се тресеше по срамниот пораз од Ливерпул на Енфилд и шокантната
елиминација од Лигата на шампионите, а откако во саботата Барселона загуби во
финале од Копа дел Реј, се погласни станаа барањата за заминување на Ернесто
Валверде.
Радио Каталуња
сега пренесе дека тренерот ќе добие отказ и официјално соопштение за негово
заминување ќе пристигне во скоро време.
Извештајот вели
дека Барса ќе му „удри клоца“ на Ернесто Валверде уште денеска, но во случај
тоа да не се случи, стратегот сигурно ќе биде набркан во текот на неделава.
Што се однесува
до неговиот наследник, синоќа беше објавено дека веќе бил остварен контакт со
Роберто Мартинез и селекторот на Белгија е прва желба на „каталонците“.