Барса убедлива против Алавес, два гола на Меси од далечина, за вториот голманот не се мрдна (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Барса се загреа за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони со убедлив триумф од 5-1 над Алавес.

Резултатот го отвори Тринкао по половина час игра, а пред крајот на првиот дел Меси од далечина со помош на стативата донесе 2-0.

Риоха во 57. минута намали на 2-1 но Барса за 80 секунди ги реши сите дилеми. Најпрво Тринкао во 74. минута зголеми на 3-1, за Лео Меси во 75. минута да погоди прекрасно во аголот од 25 метри, голманот на гостите не се помрдна.

Конечните 5-1 беа дело на Фирпо во 80. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×