Барса со пресврт во второто полувреме го победи Ваљадолид

by riste
1 минути читање

Барселона добро се испоти за да ги освои трите бода од гостувањето кај веќе испаднатиот тим на Ваљадолид, но целта е остварена.

Ханси Флик мечот го почна со речиси цел втор тим, целта беше да ги одмори најдобрите за реваншот против Интер.

Но, работите не се одвиваа како што посакуваше. Ваљадолид поведе уште во шестата минута со гол на Санчез. Тој го совлада Тер Штеген за кој ова беше прв меч по долгата пауза.

Во 38. минута Ламин Јамал влезе во игра на местото од повредениот Родригез. А на почетокот од вториот дел Флик ги стави и Де Јонг и Рафиња.

Работите брзо се променија, во 54. минута Рафиња изедначи на 1-1, а шест минути подоцна Феран Лопез успеа да даде гол за комплетен пресврт и водство за Барса од 2-1 што беше и конечен резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани