Барса се врати од мртвите, Севиља промаши пенал а Пике погоди во 94. минута! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса се врати од мртвите. Избраниците на Куман вечерва требаше да надополнат два гола негатива од првиот меч, добро го отворија натпреварот и поведоа преку Дембеле во 12. минута.

Сепак, Севиља во 73. минута имаше голема шанса да ги реши сите дилеми, гостите добија пенал но Окампос не успеа да го совлада Тер Штеген.

Казната за ова стигна во 94. минута, во последниот напад на мечот, Пике со глава ја затресе мрежата за 2-0 и огромна радост.

По пет минути игра во продолжението, Брајтвајт постигна гол за 3-0 и финале во Копа дел Реј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани