Барса подготвува трансфер бомба и фантастични 200 милиони за ангажман на Халанд?!

by bojan
1 минути читање
Халанд

Според пишувањата на каталонскиот „Ел Насионал“, Барселона верува дека летото во 2026 може да тргне во офанзива по потписот на Ерлинг Халанд и да плати 200 милиони евра за ангажман на напаѓачот.

Жоан Лапорта подготвува трансфер бомба, претседателот на Барселона сака да донесе големо име на Камп Ноу.

На крилјата на новиот богат договор со Најк, „каталонците“ очекуваат да ги средат финансиите до летото во 2026 година, и да тргнат во офанзива по потписот на Ерлинг Халанд.

За една ваква зделка се предвидени фантастични 200 милиони евра, и за Ерлинг Халанд ќе биде наменета „9-ката“ која сега му припаѓа на Роберт Левандовски, кој се очекува да го напушти клубот истото лето.

Останува да се види дали Жоан Лапорта и неговите соработници ќе можат да реализираат еден ваков трансфер, Манчестер Сити не е клуб кој сака да ги продава своите најдобри играчи, а доколку Ерлинг Халанд стане достапен, се очекува понуда да достави и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани