Барселона почна да ја полни касата со цел да има поголем буџет за нови засилувања. Во моментов се случуваат очекувани заминувања од Камп Ноу.
Барселона преку официјалниот сајт потврди дека Андре Гомеш се сели во Евертон каде минатата сезона играше на позајмица.
„Барселона и Евертон дојдоа до договор за трансфер на португалскиот фудбалер Андре Гомеш. Сумата за која е договорен трансферот е 25 милиони евра плус бонуси“, стои во соопштението на Барселона.
Валенсија со видеа на социјалните мрежи почна да го најавува ангажманот на голманот на Барселона, Јаспер Силесен. И тој трансфер треба да биде официјално потврден наскоро.
Во зависност од новите засилувања се очекуваат уште заминувања од Барселона. Се верува дека трансферот на Гризман е завршена работа се чека само почетокот на следниот месец кога неговата откупна клаузула ќе падне на 120 милиони евра. А се прават напори и за враќање на Нејмар.
Барселона би требало да купи и дефанзивец, долго време се поврзуваа со Де Лихт но во моментов поголеми шанси има тој да потпише за Јувентус.