Барса нема пари за Лаутаро, на Камп Ноу пристигнува Депај

by
1 минути читање

До крајот на
неделата, Мемфис Депај ќе стане ново засилување за Роналд Куман, ова го пренесе
холандскиот весник „Де Телеграф“. Барселона и Лион постигнале договор за
трансфер вреден 25 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Лаутаро Мартинез
беше прва желба на „каталонците“ но коронавирус кризата и огромната дупка во
буџетот ја направи оваа зделка невозможна. Интер за услугите на Аргентинецот
бара 90+ милиони евра, сума која Барса не може ниту пак сака да ја плати.

Па Мемфис Депај
ќе биде новата 9-ка на Барселона, играч кој Роналд Куман добро го познава и го
побара како засилување откако седна на тренерското столче на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×