Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона ги замрзнала преговорите со Роберт Левандовски за нов договор, а во Италија известуваат дека спортскиот директор Деко подготвува терен за ангажман на Душан Влаховиќ.
Роберт Левандовски креираше тензија во Барселона откако се врати повреден од должност со репрезентацијата на Полска и го чека пауза од четири до шест недели.
„Каталонците“ се особено разочарани поради тоа што напаѓачот почувствувал болка, и наместо да побара замена, продолжил да игра со стегач на ногата и на теренот помина цели 90 минути.
Медиумите од Шпанија велат дека револтот оди до тој степен што во Барселона решиле да ги замрзнат преговорите за нов договор.
Во меѓувреме, во Италија известуваат дека спортскиот директор Деко веќе подготвува терен за ангажман на Душан Влаховиќ, и е во контакт со агентите на Србинот, кој ќе треба да биде замена токму за Роберт Левандовски.