Барса му продаде играч на Еибар, па ќе го враќа за двојно повеќе

by
1 минути читање

20 годишниот Шпанец беше испратен на позајмица во Еибар на калење и се покажа во одлично светло. 20 годишниот лев бек забележа дури 31 настап во Ла Лига а постигна и еден гол, и тоа токму против својот клуб Барселона.

Еибар денеска соопшти дека ја користи опцијата во целост да го купи играчот за 2 милиони евра. Тешко за верување е дека Марк Кукуреља ќе остане на „Ипуруа“ но барам клубот од Баскија ќе може да заработи неколку милиони.

Барселона има опција да го врати левиот бек на Камп Ноу за 4 милиони евра, и по партиите кои ги прикажуваше оваа сезона сигурно ќе се случи тоа.

Марк Кукуреља може да биде одлична замена за Жорди Алба, но „каталонците“ можат и да го продадат за поголема сума откако неколку други клубови пројавија интерес за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани