Барса може и да ќари на Кутињо, Челси плаќа 158 милиони евра за Бразилецот?!

by
1 минути читање

„Сините“ ова лето
ќе останат без Еден Азар, па Филипе Кутињо треба да биде засилувањето кое ќе го
замени Белгиецот.

Според пишувањата
на Метро, „сините“ нема да штедат и подготвени се да платат 140 милиони фунти,
односно 158 милиони евра. Секако ова е условено од правната битка на Челси со
ФИФА и забраната за трансфери.

Светската куќа на
фудбалот ја одби жалбата, но се очекува новиот шампион на Лига Европа да го
презентира целиот случај пред Судот за спортска арбитража и да издејствува
привремена суспензија.

Доколку Челси
навистина плати 158 милиони евра, Барселона не само што ќе си ги врати
инвестираните пари, туку мое и да ќари на Филипе Кутињо. Неговиот трансфер од Ливерпул до сега
ги чини „каталонците“ 120 милиони евра, плус уште додатни 15 милиони евра во
бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани