Барса ќе подигне кредит од 210 милиони за да има пари за засилувања и плати

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „каталонците“ обезбедиле кредитна линија од 210 милиони евра, пари кои ќе се користат за засилувања и исплата на плати.

Барселона со години мака мачи со финансиите, се најавува дека ова лето повторно ќе влезе во правилото 1:1, но очигледно „каталонците“ и понатаму кубурат со парите и имаат проблем со ликвидност.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, клубот од Камп Ноу ќе подигне кредит од 210 милиони евра, со кои ќе се финансира настапот на трансфер пазарот и за исплата на плати.

Мундо Депоритво вели дека од оваа сума, 105 милиони евра ќе легнат на сметката на Барса овој месец, а во ноември ќе пристигнат нови 105 милиони евра.

Останува да се види дали оваа „инјекција“ ќе помогне за ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, кој е главна трансфер цел на Жоан Лапорта и Деко ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×