Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „каталонците“ решиле да го копираат успешниот трансфер рецепт на својот лут ривал Реал Мадрид кога се во прашање играчите од школата.
Реал Мадрид ова лето ја наполни клупската каса со продажба на играчи од школата, или пак играчи за кои се уште поседуваат дел од правата.
Од вакви зделки беа инкасирани околу 200 милиони евра, пари со кои на Жозе Мурињо му беа донесени посакуваните засилувања.
Како што пренесува „Кадена СЕР“, Барселона сега сака да го копира овој модел и да ја примени истата формула за играчите од „Ла Масиа“.
Првиот пример ќе биде Жофре Торентс, кој е пред преселба во Ајакс. Се работи за позајмица со можност за откуп од 5 милиони евра. Доколку клубот од Амстердам ја искористи клаузулата, Барселона ќе задржи половина од правата на играчот, а ќе има и можност повторно да го врати во своите редови за 20 милиони евра.
Со вакво структурирање на трансферот, Барселона може да заработи и од идниот трансфер, но и полесно да го врати играчот доколку тој експлодира на големата сцена.