Барса ја плати тешко издвојуваната победа над ПСЖ со пораз на Риазор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По девет години
пауза, Депортиво Ла Коруња се радува на победа над Барселона.

„Каталонците“ во
средата испишаа историја и направија неверојатен кам-бек против ПСЖ, но денеска
немаа сили за нова победа.

Хоселу го
изненади фаворитот во 40. минута од средбата, а Суарез изедначи на 1-1 на
стартот од вториот дел.

Но наместо Барса
да го сврте резултатот во своја корист, Бергантињос во 74. минута го матираше
Тер Штеген за огромна радост на домаќините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани