Барса и Реал на готовс, Нејмар има договор да го напушти ПСЖ и тоа на попуст?!

by
1 минути читање

Нејмар има
договор да го напушти „Паркот на Принцовите“ по крајот на сезоната. Ова денеска
беше пренесено во емисијата „Ла Портерија“ на телевизијата „Бетеве“. Бразилецот
може да замине на попуст, односно за 200 милиони евра.

Наводно Барселона
е свесна за овој „дил“ помеѓу напаѓачот и ПСЖ, па веќе започнала преговори со
луѓето блиски до Нејмар. Андре Кури, човекот од доверба на „Каталонците“ за
Јужна Америка, кој имаше голема улога при преселбата на играчот од Сантош на
Камп Ноу, минатата недела се сретнал со Нејмар сениор во Лондон.

Се шпекулира дека
Нејмар преферира одново да го облече дресот на Барселона, но доколку двете
страни не се договорат, тој нема ништо против да заврши во Реал Мадрид.

Останува да се
види што ќе се случува во следните месеци, но и претходно во неколку наврати се
говореше дека има договор помеѓу Нејмар и ПСЖ за предвремен прекин на
соработката, а „Светците“ постојано ги негираа ваквите стории и посочуваа дека правиалта
во Франција не дозволуваат откупни клаузули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани