23 годишниот
Осман Дембеле најпрво ја одби можноста да си замине од Барселона, клуб кој
наводно е согласен да го даде Французинот на попуст од 60 милиони фунти на
Манчестер јунајтед, меѓутоа таа опција е за продажба, сега наликува дека ќе
проследиме сосема поинакво сценарио.
Барселона сега го
убедува својот фудбалер да замине на позајмица, и тоа по истата формула која
Каталонците ја реализираа во однос на Филипе Кутињо за позајмицата
во Баерн Минхен, откако германскиот првак исплати обештетување за истата,
но и во целост ја презеде на себе платата на Бразилецот, исто така имаше и опција за целосен откуп на договорот која „Баварците“ не ја искористија.
Дембеле би можел
да замине во Манчестер јунајтед по истата формула по која беше испратен на
позајмица и Кутињо, а во таборот на Премиерлигашот сериозно ја разгледуваат
оваа опција откако им пропаднаа обидите да го ангажираат Џејдон Санчо од
Борусија Дортмунд, а се поврзуваат и со Исмаила Сар од Вотфорд.
Инаку Дембеле
денеска беше во клупските простории на Барселона, меѓутоа набрзо си замина без
да тренира, што за многумина е јасен сигнал дека Французинот се подготвува
за трансфер во самата завршница од преодниот рок.