Денеска се играат два реванш четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, Барселона му гостува на Атлетико Мадрид, Ливерпул на Енфилд го пречекува ПСЖ.
Атлетико Мадрид и ПСЖ денешните натпревари ќе ги почнат со идентична предност од 2-0. Со таа разлика што тимот на Чоло Симеоне е домаќин, а францускиот тим игра на гости.
Но, ПСЖ беше премногу доминантен против Ливерпул во првиот меч, дотолку што Слот по натпреварот рече дека е среќен што загубиле само со 2-0.
Флик во Мадрид го поведе и Кубарси кој е суспендиран поради црвениот картон на минатиот меч. Германскиот стратег сака да направи атмосфера на заедништво и сплотеност пред денешниот меч.
Фудбалерите на Ливерпул пак ветија дека ќе изгинат на теренот за да дојдат до посакуваниот резултат, ќе бидат носени и на крилјата на навивачите. Но, моменталната форма е на страната на ПСЖ.
Се очекува да биде интересно и на двата меча, Барса и Ливерпул ќе се обидат да дојдат до резултат кој ќе ги однесе во полуфинале, Атлетико и ПСЖ со предност ќе почнат и ќе целат да ја задржат.
Двата натпревари почнуваат од 21 часот.