Барса и Абидал брзо се огласија откако утрово беа вмешани во голем скандал

by
1 минути читање

„Ел Конфиденсиал“
денеска пренесе дека Барселона лажела за трансплатацијата на црниот дроб на
Ерик Абидал. Весникот ја објави сторијата откако дошол до четири разговори помеѓу тогашниот прв човек, Сандро
Росељ и непозната личност.

Снимките
покажуваат дека целата приказна за тоа дека братучедот на левиот бек е донатор
е измислена, и Барса на нелегален начин на црниот пазар купила нов црн дроб за
Ерик Абидал.

Шампионот на
Шпанија брзо се огласи и попладнево испрати демант: „Откако денеска беа објавени
одредени стории, Барселона категорично негира дека имало нерегуларности околку
трансплатацијата на црн дроб на сегашниот технички секретар Ерик Абидал“.

Со демант се
огласи и Фондацијата Ерик Абидал во име на самиот играч, и појасни дека при
трансплатацијата биле запазени сите процедури и протоколи.

Французинот жали
што под знак прашалник била ставена чесноста на сите лица инволвирани во
процесот, за кои Ерик Абидал има само најдобро мислење и огромна благодарност,
особоено до донаторот, неговиот братучед Жерар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани